Погба се враќа „дома“, Јунајтед добива голем ас во размена

Пол Погба е на излезна врата од Манчестер Јунајтед, а најголеми шанси во трката за Французинот му се даваат на неговиот поранешен клуб Јувентус. „Црно-белите“ немаат намера да трошат пари за да го доведат одличниот играч за врска, туку во директна размена за него во Манчестер би го испратиле Пауло Дибала, кој е најголемо разочарување на стартот од сезонава во таборот на Јувентус.

Италијанскиот весник „Тутоспорт“ кој важи за најупатен во случувањата во Јуве тврди дека преговорите се веќе стартувани, а размената би можела да се случи веќе во јануарскиот преоден рок. Двајцата фудбалери имаат договори со 2022 година и немаат намера да ја продолжат верноста, Погба секако би сакал да се врати назад во Јуве, а Дибала не крие дека преселба во Премиер-лигата би му била сериозен предизвик во кариерата.

Да потсетиме, Пол Погба го напушти Манчестер Јунајтед на самиот почеток на својата професионална кариера како слободен играч, а потоа во 2012 година потпиша договор со Јувентус, за четири години во Торино оствари 178 настапи и постигна 34 погодоци. Со „бјанконерите“ освои четири титули во Серија А, еден куп и два италијански Суперкупа, а потоа се врати на „Олд Трафорд“ со трансфер вреден 105.000.000 евра (светски рекорд во тоа време).

Се вчитува...