Барселона помина низ навистина тежок период во кој проблемите со коронавирусот создадоа сериозни финансиски потешкотии. Поради нив замина и легендата на клубот Лео Меси, а со поради нив тимот не беше ни блиску од сликата на која сме навикати да го гледаме.
Каталонците менуваа играчи, менуваа тренери, а по Роналд Куман на клупата седна Чави. Враќањето на легендарниот фудбалер од Катар на „Камп Ноу“ многумина го дочекаа со скептицизам, но младиот стратег одговори со одлична игра.
За привикнување на стилот на Чави на фудбалерите не им беше потребно многу време, а во последните неколку меча бележат одлични резултати. 4-2 победа против Атлетико Мадрид, 4-1 победа против Валенсија, 4-2 триумф против Наполи и 4-0 против Атлетик Билбо се дел од нив, а по тој повод доаѓа и твитот на денот кој гласи:
„Барселона треба да го побара Куман и повторно да му даде отказ“
Barcelona need to call Ronald Koeman and sack him again.
— Edmund 💉 (@EdmundOris) February 27, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА