Тврдоглавоста на стоперот на Барселона продолжува: Клубот му бара нова средина, но тој не сака да си оди

Дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити уште еднаш истакна дека нема намера да го напушти клубот, и покрај тоа што веќе му се бара нова средина каде ќе ја продолжи кариерата.

Французинот не добива шанса, но вели дека сака да покаже дека е корисен за тимот и да си го одработи договорот. Дури 28-годишниот стопер е подготвен да разговара за условите од договорот.

Претходно беше објавено дека Барселона по секоја цена ќе го раскине договорот со Умтити доколку тој одбие да замине во јануарскиот преоден рок.

Се вчитува...