У-15: Триумф против Албанија на развојниот турнир на УЕФА

Репрезентацијата на Македонија до 15 години триумфиршае против соодветната селекција на Албанија со 2-1 во последниот натпревар на УЕФА развојниот турнир кој изминативе денови се играше во Скопје.

Стрелец на двата погодоци за македонската репрезентација беше Азис Јамини.

Селекторот Тони Јакимовски на натпреварот настапи во следниот состав: Стојановиќ, Фидановски, Стојлевски, Аризанковски, Јаневски, Нухија, Цветков, Јамини, Манушев, Стојанов, Назифовски.

Се вчитува...