У-17: Пораз и од Белгија во второто коло од претквалификациите за ЕП

Македонската репрезентација до 17 години загуби со 1-3 од Белгија во второто коло од претквалификацискиот турнир за пласман на ЕП кој се игра во Полска.

Со овој пораз Македонија ги загуби шансите за втората позиција на табелата која води во елитната квалификациска рунда. Голот за нашата селекција го постигна Саитоски во финишот, откако претходно Белгијците веќе имаа предност од 3-0.

Селекцијата на Горан Станковски на натпреварот настапи со следниот состав: Митрев, Ѓоргоски, Тасевски, Реџепи, Ибраими, Таипи, Ракипи, Стојчевски, Лимани, Елези и Фета. Играа уште Талаков, Саитоски, Гогов и Трпчевски.

Во натпреварот за избегнување на последната позиција во групата не очекува уште натпреварот со Лихтенштајн.

Се вчитува...