У-17: Триумф над Романија на првиот меѓусебен тест (ВИДЕО)

Македонската репрезентација за фудбалери до 17 години ја совлада Романија со 1-0 на првиот од двата предвидени меѓусебни тест-дуели во Буфтеа фудбалскиот центар во Романија.

Стрелец на голот за триумф беше Зани Назифи во 76. минута.

Во 72. минута од средбата Романците не успеаја да искористат удар од белата точка кој го одбрани Стојановиќ.

Македонија на дуелот настапи во следниот состав: Стојановиќ, Аризанковски, Стојилевски, Марковски, Јаневски, Зенделовски, Ѓорѓиевски, Стојанов, Назифи, Елмас и Митров. Уште играа и: Таири, Нухија, Сулејман, Николовски, Манојлов.

Утре избраниците на Тони Јакимовски ќе го одиграат и вториот пријателски натпревар со Романците.

Се вчитува...