У-17: Убедлив пораз од Србија

Македонската репрезентација до 17 години доживеа убедлив пораз од Србија на вториот натпревар од меѓународниот турнир кој деновиве се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Избраниците на Тони Јакимовски загубија со 0-5 од соодветната селекција на Србија, која во првото полувреме имаше предност од 0-1 а во вториот дел следеа уште четири погодоци на гостите.

Нашите млади фудбалери во воведното коло од турнирот славеа победа со 2-1 против Кипар. Марко Стојилевски и Зани Назифи беа стрелци на головите на првиот дуел против Кипар.

Се вчитува...