У-17: Убедлива победа над Андора, ќе се чекаат резултатите во другите групи за место во елитната квалификациска фаза

Македонската репрезентација до 17 години со убедлива победа од 6-0 против Андора ги заврши настапите на квалификацискиот турнир во Ирска, во група со Полска, Р. Ирска и Андора. Официјално Македонија заврши на третото место на табелата зад Полска и Ирска кои денеска одиграа 2-2.

Првите две репрезентации одат директно во следната елитна фаза од квалификациите, додека Македонија како третопласирана ќе мора да го чека расплетот на останатите групи за да биде во целост комплетиран првиот квалификациски круг.

Најдобрите четири третопласирани селекции, одат во следната фаза, а засега македонската селекција е на второто место зад БиХ.

Македонската репрезентација до 17 години целосно доминираше на мечот против Андора. Назифи постигна три погодоци, Стојанов на два пати стрелаше прецизно, а погоди и Ѓоргиевски.

Се вчитува...