У-18: Испуштена победа над Унгарија во 95.минута (ВИДЕО)

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 18  години одигра нерешено (1-1) на првиот од двата предвидени пријателски натпревари со соодветната селекција на Унгарија.

На тест дуелот кој се одигра во Ѓер, Македонија водеше уште од 30. минута на средбата, но домашните успеаја да израмнат со гол буквално во последните секунди од средбата.

Фудбалерот на Работнички, Матеј Ангелов во 30. минута донесе водство за Македонија, а во 95. минута Рац погоди за конечни 1-1…

Се вчитува...