У-19: Два црвени картони за Македонија и пораз од Бугарија

Македонската репрезентација за фудбалери до 19 години загуби од Бугарија со 1-0 на пријателскиот натпревар кој се одигра во Бугарија.

Во тензичен натпревар во кој Македонија заработи и два црвени картони во 53. и во 58. минута, Бугарите до триумфот стигнале со гол уште од 8. минута.

Претходно, во првиот меѓусебен дуел одигран пред два дена, македонската селекција славеше со 1-2.

Се вчитува...