У-19: Победа против Албанија на вториот тест дуел

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години триумфираше против соодветната селекција на Албанија во вториот меѓусебен пријателски натпревар.

По ремито пред три дена, избраниците на Горан Станиќ сега победија со 2-1 против Албанците во натпревар во кој противникот поведе уште од 9.минута. Но, пресврт-победата за Македонија следеше со погодоците во 42. и во 53. минута од натпреварот.

Селекцијата до 19 години се подготвува за следниот квалификациски циклус за пласман на ЕП. Ова беше трет тест дуел за оваа генерација годинава откако минатиот месец беше одигран и натпревар против младинците на Македонија ЃП.

Се вчитува...