Женската репрезентација на Македонија за фудбалерки до 19 години загуби и на третиот натпревар од елитниот квалификациски турнир за пласман на ЕП.
Македонкит загубија со 0-5 од Австрија, завршувајќи го на тој начин настапот во Глазгов, Шкотска, без бодови и со примени 17 голови на натпревари.
Австријките денеска победија со головите на Спин во 35. минута од пенал, а во второто полувреме погодија и Осл, Луегер, и Хербст во два наврати за конечни 0-5.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
