У-19: Триумф на пријателскиот дуел против Бугарија

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години триумфираше со 2-1 против соодветната селекција на Бугарија на пријателскиот натпревар кој се одигра на гостински терен.

Кире Трпчевски и Агон Елези беа стрелци во победата на македонската репрезентација.

Вториот пријателски натпревар на избраниците на Горан Станиќ е закажан за в четврток (5. септември) од 11 часот. Двете контроли со Бугарија се последната проверка за оваа селекција пред стартот на квалификацискиот турнир за ЕП.

Се вчитува...