У17: Младите фудбалери ќе играат на Малта за пласман на ЕП

Македонската репрезентација за фудбалери до 17 години доби интересна група во главните квалификации за ЕП 2021 во Естонија.

Ривали на нашиот национален тим ќе бидат репрезентациите на Германија, Полска и Малта, а квалификацискиот турнир ќе се одржи во организација на аутсајдерот Малта во периодот од 7 до 13 октомври 2020 година.

Согласно пропозициите, пласман на ЕП 2021 преку квалификациите ќе обезбедат осумте победници на групите, како и седумте најдобри второпласирани селекции. Во предвид при ова рангирање ќе се земаат само резултатите против победниците и третопласираните репрезентации во групите.

Се вчитува...