У19: Младите фудбалери се пласираа во главните квалификации

Македонската репрезентација за фудбалери до 19 години оствари одличен резултат, откако со победата од 3-0 над Луксембург обезбеди влез во главните квалификации за претстојниот европски шампионат.

„Црвено-жолтите“ влегоа како третопласирани во пресрет на денешното последно коло, но убедливо го добија својот меч, а истовремено во прилог им одеше и убедливата победа на Англија над БиХ (4-1).

Тошевски и Воша постигнаа погодоци во самиот финиш од првото полувреме за брзо водство од 2-0 на Македонија. Англичаните веќе имаа „плус три“, па на нашите млади играчи им недостигаше само еден гол за да ги скокнат Босанците на табелата. До него конечно успеаја да стигнат во 80. минута, кога Мурати биеше прецизно и донесе огромна радост, осигурувајќи учество во следната квалификациски рунда.

Англија е првопласирана со максимални девет бода, Македонија и БиХ имаат идентични четири бода и гол-разлика „минус два“, но нашиот состав се пласира во следната фаза благодарение на повеќе постигнати погодоци (3-5, наспроти 2-4 на БиХ).

Се вчитува...