У21: Дополнителен повик за Ѓурковски и Јанкулов

Македонската младинска фудбалска репрезентација во пресрет на квалификациските натпревари против Франција и Србија се соочува со проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирус.

По позитивните тестови на Адријан Хајдари и Марио Младеновски, селекторот Драган Канатларовски се одлучи за дополнителен повик за фудбалерите на Шкупи, Александар Ѓурковски, како и дефанзивецот на Борец, Георгије Јанкулов.

Како потсетување, подготовките за следните септемвриските натпревари ќе започнат на 29. август, а првиот меч на гостински терен против Франција ќе биде одигран на 2. септември по што следи дуелот против Србија на 7. септември во Охрид.

Се вчитува...