Уапсен братот и менаџер на Рашфорд, ја претепал девојката

Дејн Рашфорд, братот кој воедно е и менаџер на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, е уапсен во Мајами. Како што јавува „Телеграф“, Рашфорд е уапсен затоа што во хотелот ја претепал својата девојка Андреа Поцрња.

Тој бил уапсен на 20. октомври, а ден подоцна завршил на суд каде што му е поставена клаузула од 1500 долари. Три дена подоцна е покренато обвиниение за семејно насилство.

Роднина на браќата Рашфорд платила откупна клаузула, и со тоа Дејн ќе се брани од слобода. Следното сослушување е закажано за 27. ноември, а Дејн во моментов не признава вина.

Се вчитува...