Уапсен газдата на Сампдорија

Првиот човек на Сампдорија, Масимо Фереро е уапсен во Џенова, пренесуваат италијанските медиуми. Причината е лажирање на банкротство на една од бројните фирми на Италијанецот по што воедно е и познат на Апенинскиот полуостров. Фереро основа, ја презадоволжува па прави лажен банкрот, нешто што италијанските власти долго време го истражуваа.

Според сегашните информации клубот Сампдорија не е дел од истрагата, но многу работи за овој клуб ќе зависат од исходот на судскиот процес. Како потсетување, поради лошите резулати „виси“ местото на сегашниот тренер, Роберто Д’Аверса, а како негов наследник се споменуваше предводникот на Црвена Звезда, Дејан Станковиќ.

Се вчитува...