Убав гест на Џенова, понуда за голманот што го преживеа уривањето на мостот

Раководството на Џенова одличи да го вработи некогашниот голман Давиде Капело, кој го преживеа уривањето на мостот Понте Моранди пред неколку седмици. Поранешниот чувар на мрежата на Калјари се најде на мостот на 14.август, кога се случи несреќата. Тој остана неповреден само затоа што неговиот автомобил се заплеткал во конструкцијата на мостот при самото уривање.

Џенова на Давдие Капело му понудила вработување како тренер на голманите во младинската академија на клубот.

Се вчитува...