Убави вести од Бразил: Тренерот на Фламенго се излечи од коронавирусот

Португалецот на клупата на Фламенго, Жорге Жезус се излечи од коронавирусот. Жезус беше позитивен пред десет дена, но денеска по неколкукратните тестирања утврдено е дека го победил вирусот.

„Фламенго ја известува јавноста и своите навивачи дека новиот тест на Жезус е негативен. Клубот е благодарен на сите за силната поддршка“ – се вели во соопштението од клубот.

Жорге Жезус со Фламенго е доминантен во Бразил и Јужна Америка, а сега повторно ќе има можност да ја продолжи работата со клубот. Во минатото беше тренер и на Бенфика и Спортинг Лисабон.

Се вчитува...