Убави вести од Италија: Михајловиќ ја победи подмолната болест

Поранешниот напаѓач на Интер, Хулио Круз подели со јавноста убави вести за Синиша Михајловиќ кој минатата година откри дека боледува од акутна леукемија, вест која го потресе фудбалскиот свет.

Но, неговиот поранешен соиграч Хулио Круз откри денеска дека секојдневно се слуша со Михајловиќ и дека српскиот стратег ја победил подмолната болест.

„Синиша не е човек, тој е ѕвер. Го слушнав сега, и благодарам на Бога слушнав убави вести дека леукемијата се чини останала зад него. Нашите семејства се многу блиски, па и сопругите често се слушаат. Сите сме пресреќни што Синиша успешно ја добива оваа битка“ – вели Круз за италијанските медиуми.

Според најавите оваа вест се очекува наскоро официјално да ја објави и семејството на Михајловиќ. Круз и Михајловиќ две години играа заедно во дресот на Интер.

Се вчитува...