Убаво велеше Ван Гал: Тен Хаг не е тренер за Јунајтед, тој е за вистински фудбалски клуб…

Навивачите на Манчестер Јунајтед се бесни на Ерик тен Хаг, се погласно се бара смена на холандскиот стратег, кој најверојатно ќе биде новото тренерско име во низата стратези кои не успеале да го разбудат фудбалскиот џин.

И додека фановите вината ја гледаат кај тренерот, холандските новинари потсетија на изјава на Луј ван Гал, кој го предупреди својот сонародник дека нема да успее во својата мисија во Манчестер Јунајтед.

„Ерик тен Хаг е одличен фудбалски тренер. Сепак, Манчестер Јунајтед е повеќе комерцијален клуб отколку фудбалски колектив. Секогаш е тешко за тренерите во таква средина, јас би му препорачал да отиде во вистински фудбалски клуб“, изјави пред нецели две години Луј ван Гал, кој и самиот ги водеше „црвените ѓаволи“ од 2014 до 2016 година.

Истиот совет Ван Гал му го дал и на дефанзивецот Тимбер, кој тогаш го послушал, остана уште една година во Ајакс и летово се пресели во редовите на Арсенал.

Се вчитува...