Убедлив пораз на А. Пандев на гостувањето кај Лехија (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев загуби со 4-1 на гостувањето кај полска Лехија Гдањск во натпревар од 1. коло во квалификациите во „најмладото“ фудбалско натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.

Уште во шестата минута натпреварот беше прекинат поради инцидент на домашните навивачи кои се истепаа меѓусебно.

Откако беше испразнет делот од трибините на кој се случи инцидентот натпреварот продолжи по пауза од 35 минути. Веднаш по враќањето на теренот „пандевци“ имаа нова можност, овој пат преку Николче Шарковски, а неговиот удар го спречи голманот на домаќините.

Во 17. минута, домаќините сепак успеаја да го начнат голот на струмиачни, откако водство од 1-0 донесе Флавио Паишао. Само осум минути подоцна Зволински ја удвои предноста за домаќините на 2-0. 

До крајот на првиот дел беше и 3-0 откако Флавио Паишао го постигна својот втор гол во 39. минута. Во второто полувреме Лехија преку Паишао кој стигна и до третиот гол на натпреварот поведе со 4-0 во 66. минута.

Минимална надеж пред реваншот во Македонија за седум дена за „пандевци“ донесе Јоковиќ во 81. минута кој намали на 4-1.

 

Се вчитува...