Убедлив Реал: Осасуна поведе колку само да ги налути „кралевите“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид стигна до убедлива победа од 1-4 на гостувањето против Осасуна во 23. коло од Ла Лига.

Домашните поведоа со голот на Гарсија во 14. минута, но само колку да ги налутат „кралевите“ кои со погодоците на Иско во 33. минута и Рамос во 38. минута веќе имаа предност од 1-2 и пред полувремето.



Во второто полувреме со головите на Лукас во 84. минута и Јовиќ во 92. минута се заокружи на конечните 1-4.

Се вчитува...