Убедлив старт за Арсенал, Фулам немоќен на „Кревин котиџ“

Арсенал доминантно ја стартуваше новата сезона во Премиер-лигата. Тимот на Микел Артета славеше убедливо на гости кај повратникот Фулам со 0-3.

„Топчиите“ уште од самиот старт наметнаа свој ритам на „Кревин котиџ“. Александре Лаказет во осмата минута го отвори резултатот, а новото засилување, дефанзивецот Габриел Магалјаеш, во дебито се запиша во листата на стрелците, погодувајќи со удар со глава по корнерот од десната страна во 49.минута.

Конелниот резултат го постави Пјер-Емерик Обамејанг со убав погодок во 57.минута од мечот. Фулам беше немоќен да стори нешто повеќе пред голот на Бернд Лено.

Се вчитува...