Убедлив триумф на Прилеп во пресметката со Младост

Прилеп ја забележа втората победа во домашниот ракометен шампионат. Во дуелот од четвртото коло во групата Б славеше со 41-32 над Младост. Прилепскиот состав имаше контрола над резултатот во текот на целиот меч, имаше предност и на полувремето од 14-11, а во средината од вторто полувреме се одлепи на опиплива предност и од шест гола која до крајот немаше проблеми да ја одбрани.

Даниел Андоновски со осум гола беше прв стрелец во победничкиот тим, Давор Шокоски постигна седум, а Казеин Рустемов и Христи Бикоски постигнаа по пет гола. Митко Стоилов имаше 12 гола кај Младост, Александар Лупашко и Никола Димитров натпреварот го завршија со по пет гола.

Претходно во оваа конкуренција, Тиквеш го совлада Еурофарм Пелистер 2 со 29-30, а треба да биде одиграна и пресметката меѓу Металург и Работнички. Бутел е слободен во оваа рунда. Металург и Бутел досега имаат максимален ефект од три победи. Во следното коло, веќе по три дена, Прилеп му гостува на Тиквеш, а Младост треба да му биде домаќин на фаворитот во оваа конкуренција, Металург.Натпреварите од групата А привремено се суспендирани поради заболени од COVID-19 во четири екипи.

Се вчитува...