Кошаркарите на ТФТ не дозволија никакво изненадување убедливо славејќи на гостувањето против Академија ФМП со 66-109 во 7. коло од Првата македонска кошаркарска лига.
Академија ФМП успеа да парира на противникот единствено во првата четвртина кога одржуваше некаква минимална негатива, но се во продолжение беше целосна доминација на ТФТ за на крајот повеќе од заслужена убедлива победа.
Домашните беа целосно „скршени“ во второто полувреме, во последните две четвртини кои ТФТ ги доби со 16 односно 17 поени разлика, за конечна победа од 66-109.
Најдобар во победничкиот тим беше Николов со „дабл-дабл“ ефект од 18 поени и 11 скока, а со двоцифрен поен-ефект завршија и Батрик (16 поени), Бишоп (14), Мекбраер (14), Андерсон (13) и Крстевски (11). Кај домашните се издвоија Пајиќ со 16 постигнати поени и Настовски со 10 поени.
ТФТ дојде до четвртата победа сезонава во седум досега натпревари, додека Академија ФМП остана на само една победа, наспроти и шест порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА