Убедливи победи на Мајами и Феникс за водство од 2-0 против Филаделфија и Далас

Мајами и Феникс стигнаа до предност од 2-0 во четвртфиналлните серии против Филаделфија, односно Далас откако изминатата вечер забележаа убедливи победи на домашен терен.

Мајами славеше со 119-103 против Филаделфија во меч во кој ја имаа целосната контрола. Стекнатата предност од првата четвртина тимот од Флорида ја задржа до самиот крај и во ниеден момент не дозволи гостите да се надеваат на победа.

Адебајо беше лидер на Мајами со 23 поени и 9 скока, додека него го следеше Батлер со дабл-дабл од 22 поени и 12 асистенции. Макси беше прво име кај гостите со 34 поени и 3 скока, а него го следеше Харис со 34 поени и 3 скока.

Слична победа забележа и Феникс кој одигра одлично второ полувреме во кое не ја испушти двоцифрената предност за победа над Далас со 129-109. Дуото Букер-Пол го предводеше својот тим до победа со 30 поени и 4 скока, односно 28 поени и 8 асистенции, додека на гостите не можеше да им помогне ниту расположениот Лука Дончиќ кој забележа 35 поени, 7 асистенции и 5 скока.

Се вчитува...