Убиен претседателот на Црвена Звезда

Претседателот на ракометниот клуб Црвена Звезда и на Автомото сојузот на Србија (АМСС), Мирко Бутулија е убиен денеска во просториите на АМСС, пренесуваат српските медиуми.

Бутулија е убиен со неколку истрели од пиштол од генералниот секретар на АМСС, Предраг Ѓурѓев кој потоа извршил самоубиство. Не се соопштуваат причините за ова убиство и самоубиство.

Бутулија беше претседател на РК Црвена Звезда од 2014 година, а ја извршуваше и потпретседателската функција во Ракометниот сојуз на Србија.

Се вчитува...