Баерн Минхен скапо ја плати победата над Хофехајм, откако Кингсли Коман заработи тешка повреда поради која извесно време ќе мора да отсуствува надвор од терените. Французинот настрада при еден дуел со Шулц во првото полувреме и мораше да биде заменет со Арјен Робен, а лекарските прегледи не донесоа ништо добро за баварскиот гигант.
„Деталните лекарски прегледи што беа извршени врз Кингсли Коман покажаа руптура на лигаментот над левиот скочен зклоб. Коман ќе мора да биде опериран“ – се вели во соопштението на германскиот шампион, додавајќи дека паузата ќе изнесува најмалку неколку седмици.
Коман поради повреда на лигаментите на истиот зглоб го пропушти вториот дел од ланската сезона, a во таборот на Баерн се надеваат дека овојпат сепак проблемот нема да биде толку сериозен, па тој најдоцна до месец октомври повторно ќе му се стави на располагање на тренерот Ковач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА