Удар за Барса: Пике го пропушта Ел Класико?

Секој нов натпревар носи и нов проблем за Кике Сетиен, а исклучок не беше ниту дуелот во Неапол, на кој тренерот на Барселона остана без услугите на Жерар Пике.

Најдобриот дефанзивец на Барселона падна како покосен во судиското продолжение и мораше да биде заменет, жалејќи се на болка во пределот на скочниот зглоб. Првиот впечаток е дека повредата не е нималку наивна, што би значело дека Пике дефинитивно ќе го пропушти претстојното дерби со Реал Мадрид, закажано за в недела.

Сетиен ќе мора да експериментира со нова одбранбена линија, ако се знае дека покрај Пике ќе недостигаат и стартните бекови, Жорди Алба и Серхио Роберто.

Се вчитува...