Удар за Рома – Де Роси со скршеница на стапалото

Рома врза неколку добри резултати во серија, но тренерот Еузебио ди Франческо се соочува со сериозен проблем по повредата што ја заработи Даниеле де Роси на дуелот со Емполи. Капитенот и повреден остана на теренот до крајот на натпреварот, но скапо ја плати пожртвуваноста откако деталните прегледи покажаа дека Де Роси заработил скршеница на коска во стапалото.

Првичните лекарски инструкции се Де Роси целосно да мирува 15 дена, по што ќе се извршат и нови детални лекарски прегледи врз него. Во таборот на „волчицата“ стравуваат дека лидерот на тимот го очекува повеќемесечна пауза, што сериозно би влијаело врз амбициите на римскиот клуб.

Слична повреда неодамна заработи и левиот бек Александар Коларов, кој сега ќе мора да ги пропушти следните два натпревари на репрезентацијата на Србија во рамките од Лигата на Нации.

Се вчитува...