Удинезе го шокираше Лацио на „Олимпико“ (ВИДЕО)

Удинезе го шокираше Лацио на „Олимпико“ совладувајќи го со 1-3 во натпревар од 9. коло во италијанската Серија А.

Гостите до водство стигнаа во 18. минута со голот на Арслан, додека Пусети во 45 зголеми на 0-2. Во второто полувреме Феористели во 71. минута зголеми на 0-3, додека до крајот Имобиле од пенал успеа само да го ублажи поразот. Македонскиот интернационалец Илија Нестороски поради позитивен ковид тест не беше дел од тимот и на овој натпревар.

Лацио останува на 9. место на првенствената табела со 14 бода, додека Удинезе сега е 12. со 10 бода.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...