Удинезе го шокираше Милан на „Сан Сиро“, Несторовски остана на клупата (ВИДЕО)

Удинезе го шокираше Милан во 27. коло од Серија А ремизирајќи (1-1) на „Сан Сиро“.

„Миланезите“ не успеаја да дојдат до посакуваниот триумф против аутсајдерот и покрај тоа што први поведоа со погодокот на Леао во 29. минута од средбата.

Удинезе со голот на Дестини Удоџи во 66. минута успеа да приреди изненадување израмнувајќи за конечни 1-1.

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски повторно не доби шанса за настап во црно-белиот дрес останувајќи само на клупата за резервни фудбалери на Удинезе.

Се вчитува...