Удинезе на Несторовски со девет позитивни, и Спалети инфициран со коронавирус

Короната и натаму „коси“ по Италија, а во тимовите се поголем е бројот на позитивни случаи на инфекцијата. Така тимот на Удинезе денеска пријави девет позитивни случаи, од кои седум се фудбалери, и двајца членови на стручниот штаб. Засега не се објавуваат имињата, и не е познато дали Несторовски е меѓу инфицираните. Под знак прашалник е натпреварот против Фиорентина во четврток.

Наполи во меѓувреме пријави нов позитивен случај на коронавирус. Станува збор за Марио Руи кои што е инфициран, и тој е петтиот фудбалер од тимот после Осимен, Елмас, Малкут и Лозано. Исто така вечерва стигна веста дека позитивен е и тренерот Лучијано Спалети кој се наоѓа во изолација.

Верона има 10 луѓе кои се со позитивни тестови.

Се вчитува...