Удинезе со „скалпот“ и на Сасуоло, десет минути за Несторовски (ВИДЕО)

Удинезе триумфираше со 2-0 против Сасуоло, за нови три бода од 26. коло во Серија А.

„Црно-белите“ победата ја најавија со голот на Љоренте во 42. минута од средбата.

 

Во 93. минута од средбата Переира ги постави конечните 2-0.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски одигра десеттина минути на терен, вклучувајќи го и судиското продолжение, откако влезе во игра во 85. минута од средбата токму на местото на стрелецот на единствениот погодок на натпреварот.

Се вчитува...