УЕФА даде зелено светло за европски натпревари на „Младост“ во Струмица

Европската куќа на фудбалот денеска и официјално даде зелено светло за европски натпревари ова лето на стадионот „Младост“ во Струмица.

По претходното дадените забелешки околу функционалноста на стадионот и рок за корекција на недостатоците, делегација на УЕФА денеска изврши контрола на стадионот „Младост“ во Струмица по што е дадена позитивна оценка, со што и официјално Шкендија и Пелистер ќе може ова лето да ги играат своите натпревари на југот од земјава.

Како што е познато, Работнички од претходно се изјасни дека европските натпревари ќе ги игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на комплексот на ФФМ, а Вардар се уште очекува евентуално прогледување низ прсти од страна на УЕФА и дозвола за настап на „Телеком арената“ во Скопје.

Доколку не добие дозвола да игра во Скопје, шампионот својот натпревар против шведски Малме во 2.квалификациско коло за Лигата на шампионите исто така ќе го игра во Струмица.

Се вчитува...