Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги објави номинациите за најдобрите за сезоната 2018/2019. За најдобар напаѓач можеби изненадувачки повторно во последната тројка се наоѓаат Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои не успеаја своите тимови да ги водат до финалето на „Ванда метрополитано“. Друштво на нив ќе им прави Садио Мане од Ливерпул.
За најдобар играч во средниот ред номинирани се капитенот на европскиот шампион Џордан Хендерсон, Кристијан Ериксен од Тотенхем и Френки де Јонг од Ајакс. Во одбраната номинациите им припаднаа на Вирџил ван Дајк и Александер Арнолд од Ливерпул и Матајс де Лихт од Ајакс.
За најдобар голман ќе конкурираат Алисон Бекер од Ливерпул, Иго Љорис од Тотенхем и Марк Андре тер Штеген од Барселона.
Најдобрите ќе бидат избрани на гала вечерта посветена на жрепката за новата сезона која ќе биде организирана на 25. август во Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА