УЕФА го одреди судијата за финалето од ЛШ

Словенецот Дамир Скомина ќе биде задолжен за делење на правдата на големото финале од Лигата на шампионите меѓу Тотенхем и Ливерпул што ќе се игра на 1 јуни во Мадрид.

УЕФА денеска го објави судискиот тим за англиската пресметка на „Ванда Метрополитано“, што ќе биде прв финале во ЛШ за словенечкиот арбитар. Негови помошници ќе бидат сонародниците Јуре Прапротник и Роберт Вукан, а четврти судија ќе биде Антонио Матеу Лахоз од Шпанија.

Скомина сезонава водеше еден натпревар на Ливерпул, победата од 1-0 над Наполи во последното коло од групната фаза, со која тимот на Јирген Клоп обезбеди пласман во осминафиналето од натпреварувањето.

Се вчитува...