УЕФА го суспендираше Рубин Казан

Поради прекршување на финансискиот фер-плеј, УЕФА му изрече едногодишна суспензија на Рубин Казан од сите европски натпреварувања. Во соопштението од УЕФА се вели дека казната ќе има ефект ако клубот обезбеди палсман во континенталните натпреварувања во следните две години.

Рубин Казан во моментов е на петтото место во  руското првенство, позиција која не води ниту во Лигата на Европа. Од клубот засега нема реакција за суспензијата.

Според голем дел од европските медиуми, ова е демонстрација на сила врз клуб што е далеку од елитата, откако УЕФА во изминатиот период му прогледа низ прсти на Милан, додека свесно се одолговлекува истрагаа околу нарушувањето на финансискиот ферплеј од страна на ПСЖ.

Се вчитува...