УЕФА ја намали суспензијата на Нејмар

Нејмар ќе мора да паузира два наместо три натпревари во Лигата на шампионите, откако Дисциплинската Комисија реши да ја намали казната на асот на ПСЖ.

Бразилецот беше казнет поради жестоките критики и навредите кон главниот судија на дуелот со Манчестер јунајтед. Сепак, по жалбата на ПСЖ и Нејмар казната за голгетерот беше ублажена, па тој ќе може да настапи во третото коло против Бриж на 22 октомври.

ПСЖ ќе биде осетно ослабен за утрешниот натпревар против Реал Мадрид бидејќи покрај Нејмар ќе отсуствуваат и повредените Мбапе и Кавани. Во една таква ситуација, се очекува тренерот Тухел да му даде шанса во стартниот тим на Мауро Икарди.

Се вчитува...