УЕФА ќе го ’скенира’ трансферот на Роналдо во Јувентус

Европската куќа на фудбалот ќе го проверува детално мегатрансферот на португалската ѕвезда Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус. Тој изминатово лето за 100 милиони евра се пресели во Торино, а УЕФА сака да провери дали е се според критериумите на финансискиот фер-плеј.

Преселбата на Роналдо од „Сантијаго Бернабеу“ во редовите на Јувентус одекна силно во светскиот фудбал, а во Италија беше најавен како воскреснување на Калчото. Со Португалецот во тимот, сега Јувентус е еден од главните фаворити и за освојување на титулата во Лигата на шампионите.

На својот прв натпревар во елитното европско клупско натпреварување Роналлдо заработи црвен картон на гостувањето против Валенсија.

Се вчитува...