УЕФА му прости на Марчињак, тој ќе го суди финалето во ЛШ

Полскиот судија Шимон Марчињак ќе остане судија на финалето во Лигата на шампионите, и покрај последниот скандал. На Маричињак му се закануваше да му се одземе финалниот меч во ЛШ меѓу Интер и Сити кој ќе се игра во Истанбул поради учество на настан организиран од полскиот десничарски политичар Славомир Мензен, познат по своите хомофобични, расистички и антисемитски испади.

УЕФА излезе со соооптение по последниот настан, а и самиот судија се извини за неговиот потег.

„УЕФА темелно ги истражуваше наводите поврзани со судијата Марчињак на настанот. УЕФА и целатам фудбалска заедница ги сфаќаат овие учества многу сериозно затоа што недвосмислено ги отрфламе вредностите кои ги промовира групата на споменатата конференција. По темелна проверка, добивме и изјава од судијата Марчињак дека изразува најдлабоко извинување и појасни зошто учествувал на овој настан. После изјавата, УЕФА го прифати извинувањето и појаснувањето. УЕФА утврдува дека Марчињак ќе биде во улога на главен судија на финалето во Лигата на шампионите во 2023 година“, стои во соопштението на УЕФА.

Се вчитува...