УЕФА не простува: И Роналдо на „дисциплинска“

Кристијано Роналдо беше херој на Јувентус на реваншот со Атлетико Мадрид, но Португалецот претера во прославата, решавајќи да му се реваншира на Диего Симеоне за славјето на првиот меч покажувајќи дека и „црно-белите“ имаат „м…ња“.

Од европската куќа на фудбалот неколку дена молчеа, за денеска да биде обелоденето дека е покрената дисциплинска постапка против „седумката“ на италијанскиот првак.

„Кристијано Роналдо се соочува со обвинение за несоодветно однесување по победата на Јувентус над Атлетико Мадрид“ – објави УЕФА.

И покрај постапката се очекува Роналдо да биде во можност да настапи за Јувентус во четвртфиналниот двомеч против Ајакс, со оглед на фактот дека Диего Симеоне за идентична гестикулација по првиот натпревар мина само со парична казна.

Се вчитува...