Зошто Ливерпул ја доби поубавата соблекувална во финалето во ЛШ?

Големото финале во Лигата на шампионите меѓу Тотенхем и Ливерпул ќе се игра на 1. јуни на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид. Иако до натпреварот има уште доста време, веќе започнаа провокациите од страна на двата тима, а УЕФА со своите одлуки помага нервозата да биде уште поголема.

Европската фудбалска федерација објави дека фудбалерите на Ливерпул ќе бидат сместени во домашната соблекувална, додека Тотенхем ќе бидат во гостинската соблекувална. Домашната соблекувална која припаѓа на фудбалерите на Атлетико Мадрид, е далеку полуксузна од гостинската, што предизвика голем бес кај навивачите на Тотенхем бидејќи според нив е невозможно „црвените“ да ја добијат соблекувалната, затоа што Тотенхем ќе ја има улогата на домаќин во финалето.

Поради одлуката настана хаос на социјалните мрежи, а голем дел од навивачите на лондонскиот клуб побараа објаснување од УЕФА. УЕФА објасни дека поради сигурносни причини ја донеле одлуката, бидејќи влезот во соблекувалната на домаќинот се наоѓа над трибините каде што ќе бидат сместени навивачите на Ливерпул, а над гостинската соблекувална ќе бидат сместени навивачите на Тотенхем.

Се вчитува...