УЕФА објави: Буфон против Роналдо и Меси за „играч на годината“

Џанлуиџи Буфон, Лионел Меси и Кристијано Роналдо се во конкуренцијата за признанието „Играч на годината“ што ќе биде доделено во Монако. УЕФА денеска ги објави имињата на тројцата финалисти за престижната награда, па покрај Меси и Роналдо, кои најчесто се наоѓаат во финалниот избор, овојпат се најде место и за Џанлуиџи Буфон, сосема заслужено откако одличниот голман освои се што можеше да се освои во Италија со Јувентус, а стигна и до финалето во Лигата на шампионите.

Во изборот учествуваа 80 тренери на екипите кои беа дел од групната фаза од Лигата на шампионите и од Лигата на Европа, како и 55 новинари избрани од страна на Европската Асоцијација. Апсолутен фаворит за оваа награда дефинитивно е Кристијано Роналдо, кој имаше извонредна сезона со Реал Мадрид, крунисана со два погодоци во големото финале во Кардиф против Јувентус.

УЕФА воедно ја објави и листата од четвртото до десеттото место според освоените гласови, на која се наоѓаат Лука Модриќ, Тони Крос, Пауло Дибала, Серхио Рамос, Килијан Мбапе, Роберт Левандовски и Златан Ибрахимовиќ.

Свеченото доделување на наградата за „Играч на годината“ ќе се одржи на 24 август, за време на ждребот за групната фаза од Лигата на шампионите во Монако.

Се вчитува...