УЕФА објави важна промена за финалето во Лигата на шампионите

Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави дека во претстојното финале во Лигата на шампионите Ливерпул и Тотенхем ќе можат да пријават 23 фудбалери. Досега кај финалистите во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа, тренерите можеа на клупа да имаат по седум замени, но од сезонава ќе можат да имаат дванаесет.

Јирген Клоп и Маурисио Покетино ќе имаат право и на четврта замена, доколку натпреварот оди во продолженија, правило кое се користеше и во нокаут фазата од европските натпреварувања.

Финалето меѓу Тотенхем и Ливерпул е закажано за 1. јуни, а ќе се игра на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

 

Се вчитува...