УЕФА потврди: Македонија ќе игра во Букурешт и во Амстердам на ЕП 2020

Наспроти пишувањата на англиските медиуми за можна организација на Европското првенство следната година само во една држава, УЕФА синоќа информираше дека воопшто нема таков план во моментов.

Европската куќа на фудбалот ги демантираше написите за наводна организација на шампионатот единствено од страна на Велика Британија.

„УЕФА планира ЕУРО 2020 да се одржи во форматот и местата кои претходно ваа година беа потврдени. Во овој момент сите напори на УЕФА се фокусирани на организација на завршниот турнир во 12 избрани градови со присуство на навивачи. Секое друго решение би можело да биде донесено во разумен рок доколку се покаже дека тоа е неопходно, но во моментов нема планови за промена на местата на одржување на ЕУРО 2020“ – се вели во соопштението на УЕФА.

Што значи дека останува Македонија на Европското првенство да игра во Букурешт против Австрија и против Украина, и во Амстередам против Холандија.

Се вчитува...