УЕФА пресече: Вардар – Малме ќе се игра во Струмица

Реванш натпреварот од втората квалификациска рунда за Лигата на шампионите меѓу Вардар и Малме сепак ќе се игра во Македонија, а не во Србија. УЕФА денеска и официјално го одби барањето на македонскиот првак, својот домашен дуел да го игра на стадионот во Јагодина.

Пораката од европската куќа на фудбалот е јасна, екипите мораат да бидат домаќини во европските купови само во своите земји, а исклучок е возможен само доколку барањето е поради безбедносни причини, или пак поради казна изречена од УЕФА.

Бидејќи во случајов станува збор за барање поради „лошите услови за игра на стадионот во Струмица“, истото беше одбиено од страна на УЕФА, па веќе нема никакви дилеми дека реванш натпреварот меѓу Вардар и Малме ќе се игра на стадионот „Младост“.

Се вчитува...