УЕФА се огласи за тенкот пред „Маракана“: Не е проблем, ако само не запука…

Пред реванш дуелот меѓу Црвена Звезда и Јанг Бојс од плејоф рундата од квалификациите за ЛШ, најголема „прашина“ подигна тенкот поставен пред Северната трибина на популарната Маракана.

Токму поради тоа сега и УЕФА се огласи околу „спортниот објект“ пред стадионот на Црвена Звезда.

„Тенкот пред стадион не е никаков проблем ако само не запука“ – порачаа од УЕФА.

Ниту швајцарскиот клуб нема забелешки за поставениот тенк.

„На тоа ние не можеме да влијаеме, но мора да нагласиме дека досега имавме пријатен престој во Белград“ – изјави портпаролот на Јанг бојс, Алберт Стаденман.

Пред вечерашниот реванш Црвена Звезда има 2-2 од првиот натпревар во Швајцарија.

Се вчитува...